Светска премиера на краткометражниот „Елена“ во Монтреал

10/10/2016

Денес (10.10.2016г.), на Фестивалот на нов филм во Монтреал,Канада, светска премиера ќе има краткометражниот филм „Елена“ по сценарио и во режија на Дина Дума, во продукција на Пигменто студио.

Филмот ќе се натпреварува во програмата „Меѓународни кратки филмови 3“ а оваа програма ќе се прикажува со почеток од 19 часот во главната сала на кинотеката на Квебек, во Монтреал, Канада.

Главните улоги ги толкуваат српската актерка Ева Рас и македонскиот актер Јордан Симонов. Директор на фотографија е Наум Доксевски а продуцент е Ванчо Мираковски.

Филмот е финансиски поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.