„Види ја ти неа“ во Опасно добри филмови

29/03/2018

Победникот на Санденс, краткометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски ќе се натпреварува во програмата 6. LET’S CEE Филмски Фестивал во Виена. 

ОПАСНО ДОБРИ ФИЛМОВИ е мотото на Фестивалот во чиј фокус на овогодинешното издание ќе бидат филмови од Централна и Источна Европа, Турција, како и регионот Кавказ. Филмот ќе има 2 проекции за време на Фестивалот, на 19-ти и 22-ри април.

Фестивалскиот живот на филмот продолжува во натрпеварувачките програми на 23.Vilnius Film Festival, Kino Pavasaris со проекција на 29-ти март и Мартовски фестивал – 65.Белградски фестивал на документанрен и краток филм со проекција на 30-ти март.