Македонски Филмови Фестивали Фестивали во Македонија Фестивали на Македонски Филм Интернационални Фестивали Категоризација на Филмски Фестивали Учество на македонски филмови на интернационални филмски фестивали Финансирање Конкурси Филмски проекти финансирани од страна на Агенцијата за филм Поттикнување на вложувања средства во филмски, односно телевизиски проект Брошура Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2015 - 2016) Каталог на Mакедонски филмови (продукција 2014 -2015) Проекти реализирани во соработка со Агенцијата за филм EAVE Producers Workshop 2015 Џифони Македонија Џифони патува Европски филмски ден за млада публика Меѓународна соработка Членство во меѓународни организации Контакти од Продуцентски куќи Филмографии на Македонски Режисери Правна регулатива Јавни Набавки Корисни линкови Трејлери од Македонски филмови Каталози на Македонски филмови

„Види ја ти неа“ на Столевски во официјална програма на Санденс

07/12/2017

 

Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски, кој ја освои Наградата Мала Камера 300 на овогодинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“, влезе во официјалната селекција на краток филм на 34. Филмски Фестивал во Санденс. Фестивалот ќе се одржи од 18ти до 28ми јануари 2018 година во Парк Сити, Јута, САД, а е во организација на Санденс институтот основан од страна на реноминираниот актер Роберт Редфорд.

Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Пируника Киселички, Жарко Јовановиќ, Антонија Белазелкоска, Иво Антов, Виктор Арсов, Игор Ангелов, Симон Манасковски, Изабела Новотни, Милица Стојанова и Горан Илиќ.

Горан Столевски се потпишува и како сценарист на филмот, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски. Продуценти на филмот се  Димитар Минов, Кристијан Буровски и Томи Салковски. Филмот е во продукција на Црна мачка продукција, копродукција со Скопје Филм Студио, а финансиски подржан од Агенцијата за филм на РМ.