„Види ја ти неа“ на најпрестижниот фестивал за краток филм во светот

13/12/2017

 

После селекцијата во Интернационалната компетиција на Филмскиот Фестивал во Санденс, кратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски влезе во официјалната програма на најпрестижниот фестивал на светско ниво посветен на краткиот филм кој веќе четириесет години се одржува во Клермон - Феран во Франција, кој е единствениот од А категорија, специјализиран за краток филм, според FIAPF - Интернационалната Федерација на Асоцијации на Филмски Продуценти овластена за категоризација на фестивалите. 

„Види ја ти неа“ ќе има осум проекции во рамките на 40. Клермон – Феран ИФКФ, кој ќе се одржи во периодот од 2-ри  до 10-ти  февруари 2018 година.