Премиера на краткиот филм „Исклучиво жолти лалиња“

22/09/2016

 

Kраткометражниот игран филм „Исклучиво жолти лалиња“ во режија на Кузман Кузмановски, а според сценарио на Ева Камчевска ќе биде премиерно прикажан денес во 20:00 часот во Кинотека на Mакедонија. Филмот се снимаше во периодот од 1-ви до 6-ти април 2016 година на неколку локации во Скопје и околината.

Актерската екипа ја сочинуваат Тони Михајловски, Горан Трифуновски, Александра Павлова,  Снежана Киселички, Кети Илиевска и Љубомир Бојковски.

Директор на фотографија е Кирил Шентевски, сценограф Дејан Ѓошевски, шминката е на Игор Петрески, монтажата е на Гоце Кралевски, а продуценти се Калина Кузмановска и Кузман Кузмановски.

Филмот е во продукција на Аурипигмент продукција и е поддржан од Агенција за филм на Република Македонија.