Отворен 35. Интернационален Фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“

14/09/2014

              

Вчеравечер во Битола свечено се отвори 35. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, фестивлот го отвори претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов кој е и покровител на овој фестивал.

На свеченото отворање беа  доделени три награди „Камера 300“: Специјалната награда  „Камера 300“ за особен придонес  во светската филмска уметност  и беше доделена на овогодинешната ѕвезда на фествалот, оскаровката Жулиет Бинож,  Златна „Камера 300“ за животно дело на кинематограферот Крис Менџис, додека  на кинематограферот  Лука Бигаци му беше доделена  специјалната награда Златна „Камера 300“.

Фестивалот се отвори со најновиот филм во кој главната улога ја игра Жулиет Бинож   - „Облаците на Силс Марија“ во режија на Olivier Assayas.

Годинешното издание фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одвива под слоганот „Кон ѕвездите“. Во склоп на фестивалот ќе бидат прикажани 76 филмови, поделени во осум категогии, меѓу кои  и Омаж на Милчо Манчевски.

Вечерва  со почеток во 20 часот во Центарот за култура Битола премиерно ќе биде прикажано најновото филмско остварување на еминентниот македонски режисер  Столе Попов  - „До Балчак“.