Прифатени проекти за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2018 година


Соглсно објавениот Конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во филмската дејност за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер во 2018 година, при одлучувањето Агенцијата за филм  се раководеше од приоритетите и критериумите за вреднување на пристигнатите пријави, како и според рестриктивниот овогодишен буџет и пристапи кон спроведување на законската процедура.
Агенцијата за филм согласно Нацрт-стратегијата за културен развој 2018-2022 година на Министерството за култура се водеше и од неопходноста за квалитетна селекција на поддршката  на филмски фестивали и нејзина децентрализација. 
По разгледувањето на  сите пристигнати пријави за организација на филмски фестивали и манифестации во 2018 година од страна на членовите на Филмскиот совет беше констатирано дека е преголем бројот на филмски фестивали кои се организираат во Република Македонија. Повеќето од фестивалите не се разликуваат по концептот и програмите, а и не го потврдуваат квалитетот и оправданоста за нивното опстојување.  Поединечно беа евалуирани сите пријавени фестивали и согласно критериумите акцентот беше ставен на веќе етаблираните и квалитетни фестивали чие реноме, традиција, континуитет и афирмативни вредности на филмската култура во Република Македонија го потврдуваат тоа.

 

Бр.

Назив на проект

Име на подносител

Поддршка  (Ден.)

1.

Меѓународен филмски фестивал за анимиран филм Скопје Фест „Анимакс“

Аурипигмент ДООЕЛ Скопје

500.000

2.

Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“

Друштво на филмски работници на Република Македонија

8.000.000

3.

Тетова Интернационален филмски фестивал „ОДА“

Здружение на филмски уметници Тетова интернационал филм фестивал

3.000.000

4.

Интернационален филмски фестивал „Астерфест 2018“

Асоцијација на фестивалски активности Тивериополска Филмска Алијанса Астерфест - Институт за краток и документарен филм Струмица

800.000

5.

Фестивал на нов европски филм "Beach Film Festival 2018"

Пик Продукција ДООЕЛ Прилеп

300.000

6.

„47 Државен фестивал на непрофесионален филм“

Кино сојуз на Македонија

250.000

7.

Меѓународен фестивал на етнолошки филм „Кратово 2018“

Македонско Етнолошко Друштво

120.000

8.

Фестивал на планински филм „ЕХО“

Здружение  на граѓани за организација на филмски фестивал на алпинизмот.ОРГ

400.000

9.

„Златно тркало 2018“

Супер Продукција БТР ДООЕЛ Скопје

300.000

10.

„Филозофски Филмски Фестивал“

Филозофско друштво на Македонија

800.000

11.

Фестивал на европски филм „Cinedays“

ЈУ Младински Културен Центар

4.000.000

12.

„Скопје Синема Сити“

Номад Арт Скопје - Здружение за афирмирање на културата на Р. Македонија

700.000

13.

Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“

Кино видео клуб Студио Милтон Манаки Битола

250.000

14.

Меѓународен фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“

Здружение за промоција на документаристика МакеДокс

2.600.000

15.

Патувачко кино „МакеДокс 2018“

Здружение за промоција на документаристика МакеДокс

300.000

16.

Скопје Филм Фестивал

Скопје Филм Фестивал

2.500.000