КОНКУРС ЗА ПРОЕКТИ ЗА ФИЛМСКА КО-ПРОДУКЦИЈА ЗА 2011 ГОДИНА
Врз основа на Член 20 од Законот за Филмкиот Фонд на Република Македонија, Директорот на Фондот распишува Јавен Конкурс за финансирање на ко-продукциски филмски проекти со малцински македонски удел.
УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
(1).На конкурсот согласно законот, можат да конкурираат само филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија со претежна дејност филмска продукција.
(2).На конкурсот не можат да учествуваат филмски продуценти регистрирани за вршење дејност филмска продукција како трговци -поединци согласно со Законот за трговските друштва.
(3).Најмалку 50% од средствата кои Фондот ги доделува за продукција на одреден филм, мора да се трошат на територијата на Република Македонија.
(4).Филмски продуцент е правно или физичко лице согласно со Законот за авторското право и сродните права.
(5).На конкурсот за добивање на средства можат да конкурираат само регистрирани продуценти чиј сопствен влог во филмскиот проект не е помал од 7,5% од вкупната вредност на филмскиот проект.
(6).Продуцентите кои добиле средства од Фондот се должни без надоместок да достават една филмска копија до Националната установа -Кинотека на Република Македонија. Доколку не достават копија го губат правото на добивање средства по конкурсот следните пет години.
(7).Проектите треба да ги содржат општите и посебните елементи утврдени со Правилникот за критериумите за финансирање на проектите од филмската продукција и елементите што треба да бидат содржани во проектите од филмска продукција што се од национален интерес, објавен во Службен весник бр. 142 од 26 Ноември 2007 година.
(8).Проектите што нема да ги содржат општите и посебните елементи утврдени со Правилникот, нема да бидат разгледани.
ВИСИНА НА УЧЕСТВО ВО ФИНАНСИРАЊЕТО
Филмскиот Фонд учествува во финансирањето на проектите најмногу до 20% од вкупниот Буџет на проектот. Пополнетата документација да се достави со назнака за ,,Филмски фонд на Република Македонија“ лично или по пошта во Архивата На Филмски Фонд на РМ на Ул. 8 Март бр. 4, најкасно 30 дена од денот на објавувањето во јавните гласила.
Апликации и листа на потребна документација која е потребна е достапна на веб страната на Филмски Фонд на РМ
www.filmskifond.gov.mk