Filmski fond na Makedonija
КОНКУРС ЗА РАЗВОЈ НА СЦЕНАРИО
Филмскиот Фонд на Р. Македонија во склоп на Манаки Скрипт Корнер 2010 год. при 31-от Интернационален Филмски Фестивал на Филмска Камера "Браќа Манаки", објавува конкурс за развој на сценарио
05 Jul 2010 Read more
КОНКУРС ЗА ПРОЕКТИ ОД ФИЛМСКА ПРОДУКЦИЈА ЗА 2011 ГОДИНА
Врз основа на Член 20 од Законот за Филмкиот Фонд на Република Македонија, Директорот на Фондот распишува Јавен Конкурс за финансирање проекти од филмската продукција што се од национален интерес. Конкурсот се распишува за проекти од филмска продукција
02 Jun 2010 Read more
КОНКУРС ЗА ПРОЕКТИ ОД ФИЛМСКА ПРОДУКЦИЈА ЗА 2010 ГОДИНА
Врз основа на Член 20 од Законот за Филмкиот Фонд на Република Македонија, Директорот на Фондот распишува Јавен Конкурс за финансирање проекти од филмската продукција што се од национален интерес. Конкурсот се распишува за проекти од филмска продукција
06 Oct 2009 Read more
Краен рок за пријавување на фестивали 2009
Краен рок за пријавување на фестивали 2009.
05 May 2009 Read more
IV Европски филмски фестивал "Ти и Јас"
Ве известуваме дека во периодот од 8-12 септември 2009, во Кошалин, Полска ќе се одржи IV Европски филмски фестивал "Ти и Јас" на кој ке се прикажуваат филмови од европските и воневропските кинематографии, посветени на лица со посебни потреби, нивните проблеми и интеграција. Организатор е Кошалинското социјално-културно здружение.
05 May 2009 Read more
 
КОНКУРС ЗА ПРОЕКТИ ОД ФИЛМСКА ПРОДУКЦИЈА ЗА 2009 ГОДИНА
Врз основа на Член 20 од Законот за Филмкиот Фонд на Република Македонија, Директорот на Фондот распишува Јавен Конкурс за финансирање проекти од филмската продукција што се од национален интерес. Конкурсот се распишува за проекти од филмска продукција и тоа:
- Продукција на играни, документарни и анимирани филмови;
УСЛОВИ ЗА КОНКУРИРАЊЕ
(1).На конкурсот согласно законот, можат да конкурираат исклучиво филмски продуценти регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија со претежна дејност филмска продукција.
(2).На конкурсот не можат да учествуваат филмски продуценти регистрирани за вршење дејност филмска продукција како трговци - поединци согласно со Законот за трговските друштва.
(3).Најмалку 50% од средствата кои Фондот ги доделува за продукција на одреден филм, мора да се трошат на територијата на Република Македонија.
(4).Филмски продуцент е правно или физичко лице согласно со Законот за авторското право и сродните права.
(5).На конкурсот за добивање на средства можат да конкурираат само регистрирани продуценти чиј сопствен влог во филмскиот проект не е помал од 7,5% од вкупната вредност на филмскиот проект.
(6).Продуцентите кои добиле средства од Фондот се должни без посебен надомест да достават една филмска тонска копија до Националната установа - Кинотека на Република Македонија. Доколку не достават копија го губат правото на добивање средства по конкурсот следните пет години. Продуцентите се должни да обезбедат соодветни услови за чување и на филмскиот негатив и остатоците од филмскиот негатив. Доколку не се во можност да обезбедат соодветни услови или доколку така побараат, грижата за тие материјали ќе ја превземе Кинотека на РМ без притоа да се нарушува сопственоста над материјалите.
(7).Проектите треба да ги содржат општите и посебните елементи утврдени со Правилникот за критериумите за финансирање на проектите од филмската продукција и елементите што треба да бидат содржани во проектите од филмска продукција што се од национален интерес, објавен во Службен весник бр. 142 од 26 Ноември 2007 година.
(8).Проектите што нема да ги содржат општите и посебните елементи утврдени со Правилникот, нема да бидат разгледани.
ГОДИШНИ ПРИОРИТЕТИ
Главни цели на Филмскиот Фонд се развојот на Македонската кинематографија, преку финансирање зголемен број долгометражни и краткометражни играни, анимирани и документарни филмови, како и поддржувањето на младите автори дебитанти (сценаристи и режисери).
ВИСИНА НА УЧЕСТВО ВО ФИНАНСИРАЊЕТО
Филмскиот Фонд учествува во финансирањето на проектите најмногу до 70% од вкупниот Буџет на проектот, но не повеќе од 30,000,000 денари.Пополнетата документација да се достави со назнака за ,,Филмски Фонд на Република Македонија“ лично или по пошта во Архивата на Филмскиот Фонд на адреса Ул. 8 Март бр. 4, најдоцна 30 дена од денот на објавувањето во јавните гласила.
Крајниот рок за пријавување на вашите проекти е до 26.05.2009
Филмскиот Фонд на РМ ве информира дека доколку сакате да конкурирате со проектот од претходниот конкурс, потребно е да доставите барање до архивата на Фондот за повторна пријава.
За дополнителни информации www.filmskifond.gov.mk

ФИЛМСКИ ФОНД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА