Интервју со режисерката на филмот MY SKINNY SISTER

Сара Ленкен е родена во Шведска и е режисер и сценарист на еден од номинираните филмови за YAA годинава – My Skinny Sister. Филмот се занимава со динамиката на едно семејство со посебен  фокус на врската помеѓу двете сестри. Стела, помладата сестра која штотуку влегува во пубертет, дознава дека нејзината 17годишна сестра боледува од пореметување во исхраната. Режисерката и самата боледувала од анорексија додека била тинејџерка и сакала да го прикаже на филмското платно ефектот од таквата болест врз целото семејство, особено поради тоа што оваа тема досега се истражувала исклучиво преку документарните филмови.

Интервјуто можете да го погледнете на  http://yaa.europeanfilmawards.eu/en_EN/interview-sanna-lenken