Госпоѓица невозможна

Земја: Франција

Режија: Емили Делуз (Интервјуто можете да го погледнете ОВДЕ)

Времетраење: 90 мин.

Синопсис: 

Заплетот на филмот се врти околу тинејџерката Аурора. Многумина мислат дека таа води едноставен живот, но кога имаш 13 години како неа, и кога твојата перспектива  за момчињата, школото, семејството и другарите е постојано преполнета со потсмевање – сето тоа е подлога за една прекрасна психодрама. Работите дополнително се компликуваат кога ќе се појави новиот професор по француски јазик од една страна, а од друга страна заканата дека ќе заврши во интернат;  сето тоа – комбинирано со фактот дека таа постојано се вљубува „до уши“ и со лудата идеја да излезе на сцена како пејачка во група – ја чини Аурора вистинска „госпоѓица невозможна“...