Седмо издание на „Наградата на млада публика“ на Европската филмска академија вклучува рекордни 45 градови во 36 земји

   Македонија и Скопје домаќини по четврти пат 

 

Европската филмска академија ги најавува трите номинирани филмови за Наградата на млада публика 2018:  

 

                     


GIRL IN FLIGHT
LA FUGA – GIRL IN FLIGHT
Режија: Sandra Vannucchi
Сценарио: Sandra Vannucchi & Michael King
Продуценти: Michael King & Ruedi Gerber
игран филм, Италија / Швајцарија

Нежно, застрашувачко и возбудливо емотивно патување. 

 


HOBBYHORSE REVOLUTION
Режија: Selma Vilhunen
Сценарио: Selma Vilhunen & Okku Nuutilainen
Продуценти: Venla Hellstedt & Elli Toivoniemi
документарен филм, Финска

Смешен и трогателен филм за тинејџери со растечки болки, кои ги откриваат своите гласови и таленти преку јавање и правење на коњи-играчки.   

 


WALLAY
Режија: Berni Goldblat
Сценарио: David Bouchet
Продуцент: Nicolas Anthomé
игран филм, Франција / Буркина Фасо / Катар 

13-годишното момче Ади за време на летото е испратено кај неговиот чичко во Буркина Фасо. 




Номинациите беа избрани од страна на меѓународна комисија составена од Manlio Castagna (Меѓународен филмски фестивал Џифони/Италија), Ana Cerar (Меѓународен филмски фестивал  Kino Otok - Isola Cinema/ Словенија), Corinna Downing (Лондон Филм Фестивалl – Британски филмски институт/Велика Британија), Член на Одборот на ЕФА Vanessa Henneman (талент агент/Холандија) и Holger Twele (филмски едукатор/Германија).

На 6ти мај, трите номинирани филмови ќе бидат прикажани пред публика меѓу 12 и 14-годишна возраст во следниве 36 земји низ Европа и пошироко, меѓу кои и Македонија, која оваа година по четврти пат е домаќин на овој настан:  

АВСТРАЛИЈА: Брибзен

АВСТРИЈА: Санкт Полтен и Виена
БЕЛГИЈА: Брисел
БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА: Сараево
БУГАРИЈА: Софија
ХРВАТСКА: Загреб
ЧЕШКА: Прага
ДАНСКА: Алборг
ЕСТОНИЈА: Талин
ФИНСКА: Хелсинки
ФРАНЦИЈА: Бург Сент-Морис – Лез Арк

ГЕРМАНИЈА: Берлин, Шемниц и Ерфрут
ГРЦИЈА: Атина
УНГАРИЈА: Будимпешта
ИРСКА: Даблин

ИЗРАЕЛ: Тел Авив
ИТАЛИЈА: Фиренца, Рим и Турин
КОСОВО: Призрен

ЛАТВИЈА: Рига
ЛИТВАНИЈА: Вилнус
ЛУКСЕМБУРГ: Луксембург
МАКЕДОНИЈА: Скопје
МАЛТА:  Валета
ЦРНА ГОРА: Подгорица
ХОЛАНДИЈА: Амстердам
ПОЛСКА: Лоѓ, Варшава и Врцослав
ПОРТУГАЛИЈА: Лисабон
РОМАНИЈА: Клуж-Напока

СРБИЈА: Ниш
СЛОВАЧКА: Братислава

СЛОВЕНИЈА: Изола
ШПАНИЈА: Барселона, Мадрид и Севиља

ШВЕДСКА: Баштад     

ШВАЈЦАРИЈА: Луцерн

ТУРЦИЈА: Истанбул
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Лондон

 

Младата публика ќе биде во улога на жири и ќе гласа за победникот веднаш по проекциите. Потоа жирито ќе ги пренесе националните резултати во живо преку видео конференција до Ерфрут (Германија) каде што победникот ќе биде прогласен на церемонијата на доделување на награди што ќе се емитува во живо на yaa.europeanfilmawards.eu, специјален вебсајт кој нуди дополнителни информации во врска со номинираните филмови и градовите-учесници.

„Наградата на млада публика“ сега исто така вклучува и различни платформи за јавностa да ги проследи номинираните филмови: EFA Productions, продукциската компанија во рамки на Европската филмска академија, ќе овозможи филмовите за „Наградата на млада публика“ да се прикажат и надвор од Европа на платформите „Видео—на барање“ (Video-on-demand, T-VoD), како што се iTunes, Google Play, Microsoft и Pantaflix, на регионалната балканска платформа Cinesquare, како и на локални платформи како Filmin или Univerciné!

ЕFA Productions се здружи со "Под Млечниот Пат" за оваа иницијатива со поддршка на "Креативна Европа - медиумска програма на Европската унија", за да ги направат номинираните филмови достапни за младите гледачи во текот на целата година. Конечно, оние кои не можеа да учествуваат на „наградата за млада публика" ќе имаат можност да ги гледаат номинираните филмови онлајн. VoD е одличен начин да се стигне до оваа возрасна група за да се промовира „наградата за млада публика“од ЕФА и номинираните филмови.

За отворањето на иницијативата VoD, филмовите од последните три изданија, како и трите филма номинирани во 2018 година, сите тие ќе бидат достапни онлајн на 7-ми мај, еден ден по овогодинешната „Награда за млада публика“ на ЕФА.

Наградата на млада публика 2018 е реализирана со партнери од 36 земји. Во Македонија партнер е Агенцијата за филм на Република Макеоднија, додека настанот ќе биде реализиран во Кинотеката на Република Макеоднија.

„Наградата на млада публика" е организирана и презентирана од Европската филмска академија и EFA Productions со поддршка на Mitteldeutsche Medienförderung (МДМ) и Креативна Европа - медиумска програма на Европската унија. Националните настани на „Наградата на млада публика“ се организирани со поддршка на соодветните национални партнери.